Ацо Шопов: Преводи и препеви на македонски

Во оваа одаја од Читалницата на Лирскиот дом на Ацо Шопов можете да прочитате избор од негови препеви на југословенски и светски класици. Податоци за објавените книги се наоѓаат во Библиотеката, оддел „Преведени автори”.

Тука се достапни препевите на Шопов на следите дела:

Work in progress

  • Колекција 12 француски бајки
  • Отон Жупанчич (Цицибан)
  • Едуард Баргицки (Песна за Апанаса)
  • Иван Крилов (Басни)
  • Јован Јовановиќ-Змај (Песни)
  • Густав Крклец (Телеграфски басни)
  • Едмон Ростан (Сирано де Бержерак)
  • Никола Јонков Вапцаров (Песни)
  • Пјер Корнеј (Сид)
  • Григор Витез (Песна на чучулигата)
  • Вилијам Шекспир (Хамлет принцот дански, Ромео и Јулија, 60 сонети)
  • Мирослав Крлежа (Избор)
  • Григор Витез (Морето и боите)
  • Изет Сарајлиќ (Поезија)
  • Драгутин Тадијановиќ (Вечер над градот)
  • Леополд Седар Сенгор (Поезија)

Стара кинеска лирика...

Ацо Шопов прв ги превел на македонски и приказнте на Шарл Перо, Вили, Пепелашка, Убавица во магепсана шума, Русобрадиот, Рике со перче, Палче, Црвенкапа, Мачор в чизми, Магарешка кожа, во колекција од 12 бајки во кои се вбројуваат и Златокосата, Сината птица и Убавица и ѕвер.

Во превод на Ацо Шопов е и претставата за деца Оперета Три за грош или тие чудни приказни за чудното куче Гаврило од Јован Максимовиќ (Београд, мај 1960). Оригиналните автографи и машинописи на преводот се наоѓаат во Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ (АШ К4 АЕ118).