Ацо Шопов, патник низ световите на непознатото

Неколку дена по смртта на Шопов, во загребското Око, Борислав Павловски објавува продлабочен осврт на творештвото на Шопов во кој, за разлика од многу други критичари, нема да го прескокне Јус-универзум, книга во која тој смета дека Шопов безмилосно се соочува со нештата од појавниот живот. „Тоа беше негово ослободување на енергија во работите на секојдневието, речиси негова пресметка со него“, вели Павловски, во „Ацо Шопов, патник низ световите на непознатото.“ Тоа беше негова отворена дефиниција за нештата и појавите кои заслужуваат реевалуација и критичка проценка. Играта со зборови, многу вешта, со ироничен набој, актуелна, продорна во перцепцијата на недостатоците на реалноста предизвикани од човечкото девијантно однесување, е необична карактеристика во делото на Ацо Шопов и токму поради тоа треба поопширно да се зборува за неа, интегрирајќи ја во целото дело како елемент на најотворениот израз“.

Борислав Павловски (1950), хрватски критичар, преведувач, театаролог и универзитетски професор.

Прочитајте ја интегралната статија на хрватскосрпски.

Други огледи и толкувања на творештвото на Ацо Шопов.