Завист 

Ти доаѓаш од предградието на заборавот,
Ти доаѓаш, а времето се подбива.
Зошто ме измачуваш?
Под твојата облека се внедриле pевниво 
очите на сите последни минувачи.
Затоа е слепо твоето предградие,
а мојот заборав е нож
чие сечило се вика памтење и завист.

Ги пружам рацете а ти се појавуваш,
ти пружам рацете а ти влегуваш,
ги пружам рацете бремени од чекање –
туѓите очи на нив се нафрлаат.
Како да те прегрнам,
Како да ги пронајдам оние очи,
оние водилки кон таков заборав
што ќе се вика и непостоење
и почеток што никому не припаѓа? 

Ацо ШоповВетрот носи убаво време, 1957