Also available in: French

Леополд Седар Сенгор, Сенегал

Сенгор и Шопов во претседателската резиденција во Дакар, 1975 година

Сенегалскиот претседател и поет Леополд Седар Сенгор (1906-2001) и македонскиот поет Ацо Шопов (1923-1982) којшто беше именуван за амбасадор на СФР Југосавија во Сенегал (1971-1975) се сретнаа во Дакар. Ацо Шопов во Сенегал изврши успешна дипломаткса но и “поетска” мисија, така што пријателството на двајцата поети се вроди во трајно пријателство меѓу нивните две земји.

Во поуспешните дипломатски мисии на Шопов, спаѓаат учеството на Леополд Седар Сенгор на IV Самит на Неврзаните во Алжир (1973) како и неговата официјална посета на СФРЈ, каде што беше примен од страна на Тито, во 1975 год. На ваа тема прочитајте повеќе во текстовите на Ахил Тунтев и Светлана Шопова.

Што се однесува до поетската мисија, Ацо Шопов во Сенегал ја напиша збирката Песна на црната жена, за којашто ја доби наградата Браќа Миладоновци, на Струшките вечери на поезијата во 1976 год. препеа голем избор од поезијата на Сенгор, и беше иницијатор на Сенгор да му се додели Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 1975 год.

Неговите препеви се објавени во книгата Поезија од Сенгор (објавена првпат во 1975 год., а потоа во 2016 год.), а еден дел од нив се наоѓаат и во книгата Сенгор - Шопов: Паралели, објавена во 2006 год., по повод прославата на Годината Сенгор во Македонија.

Посвета од Сенгор на Шопов ја книгата Писма од Ивернажот
Посвета од Сенгор на Шопов на собраните дела под наслов Песни, 1975 година

За Сенгор, член на Француската академија и оснивач на движењено на Негритидата, Шопов се изјаснува во еден разговор со Д. Адамовиќ, во 1976 год.: „За тоа свое 'откритие' на Црна Африка најмногу ѝ должам на богатата поезија на Леополд Сенгор. За Африка тој ми кажа повеќе отколку купиштата книги што ги прочитав! Тој од верувањата, легендите и приказните успеал да направи поезија која претставува еден вистински поетски универзум. Сиот свет тој го согледал преку едно мало непознато Сенегалско место – своето родно место.
Сенгор е по мое мислење еден од најголемите поети на современиот свет и сјаен пример за тоа што значи поезијата: колку може таа да му каже на човекот, без оглед колку е тој, на прв поглед, странец или туѓинец. Од тоа извлеков драгоцена поука: ако човекот сака подобро да се запознае себе, својата земја, својот народ, тогаш тој мора добро да ги познава и другите. И второ: кога себеси и својата средина ќе ги согледаш од друга перспектива, на пример од афричката, многу работи кои дома те тиштат стануваат поразбирливи, некои сосема поинакви. А поезијата и во двата случаја игра незамисливо голема улога!“

Поголем осврт на Шопов за поезијата на Л.С. Сенгор, можете да прочитате тука.

Песни од Л.С. Сенгор, во македонски препев на Ацо Шопов, можете да најдете тука.

Сенгор и Шопов во претседателската резиденција во Дакар, 1975 година