Денови на поезијата 2026

Јубилари и учесници

1_Ante_Popovski_horizontalno_BR
2_Blaze_Koneski_horizontalno_BR

Традиционално, Деновите на поезијата започнуваат со одбележување на јубилеи на истакнати македонски поети и творци. Во 2026 година, тоа се: Васил Куноски и Волче Наумчески (родени 1916), Блаже Конески (1921), Видое Видичевски, Илхами Емин, Анте Поповски, Љупчо Стојменски и Љубен Ташковски (1931), Петар Т. Бошковски и Михаил Ренџов (1936), Светлана Христова-Јоциќ (1941), Атанас Вангелов и Васил Пујовски (1946). 

Се одбележуваат и јубилејните родендени на Јован Стрезовски и Иван Чаповски, како и на Ефтим Клетников и Катица Ќулавкова кои настапуваат, заедно со Ристо Василевски и Виолета Танчева Златева, на литературнто читање „Во дослух со Шопов“, кое го води Владимир Мартиновски.  

На средбата „Поети и препеви“, Саранда Мехмеди разговара со Гордана Јовиќ-Стојковска, Лејла Шериф Емин, Елена Пренџова и Лира Бојку, додека во „Ново раѓање на зборот“ поканети се да настапат, со Андреј Медиќ Лазаревски, ноколкумина млади добитници на наградите кои го носат името на Анте Поповски:  Вероника Димоска, Нино Наумовски, Михајло Свидерски и Милена Силјаноска.

Во 2026 година, почесна гостинка на Деновите, е Дорис Карева, од Естонија, едно од најзначајните имиња во современата европска поезија.

 

Во програмата учествуваат и Дамјан Атовски, Јулијана  Величковска, Софија Гогова-Врчаковска, Теона Крстеска , Сергеј Настески , Владимир Мартиновски, Андреј Медиќ Лазаревски, Петар Ренџов, Никола Ристановски, Антонио Трајковски, Игор Џамбазов и Јасмина Шопова.