Хроника за Летопис матице српеске

Двoбројот јули-август на Летопис матице српске е богат како со оригинални поетски и прозни прилози така и со низа критички прегледи за наши и странски автори и некои најнови постигања во југословенската литература. Вниманието го привлекуваат прилозите на Славко Леовац за Бранко Ќопиќ, на Душан З. Милачиќ за Мопасановата визија на светот, на Радојица Таутовиќ за Давичовата стихозбирка Флора и др.

Славко Леовац наоѓа дека Ќопиќевата детска поезија зрачи со ведрина и духовитост, дека „Ќопиќ не само што има детска душа, не само што умее да ја транспонира во текстот и да делува уметнички самостојно и непосредно, туку и умее да ја прилагоди таа душа кон сè околу себе со една љуботитност и ведрина што слутат нов живот и потекнуваат од оние што ќе бидат нови луѓе“.

Радојица Таутовиќ во „Нечитко писмо без адреса“, пишувајќи за Давичовата Флора, вредноста на овој поетески текст ја гледа првенствено во експериментот и барањето во кои авторот често не успева автентично да го предаде своето доживување. Флора, за него, не е висока поезија а нејзината современост не е многу свежа. Поетот се вратил кон автоматскиот текст со што се приближил кон ирационалната материја на песната, но се отуѓил од разумната свест што ја чини незаменлива рецептивната моќ на читателот. „Вредноста на Флора е помалку емотивна одошто интелектуална, помалку е вредност на еден поетски резултат одошто вредност на еден поетски експеримент.“

Aco Šopov glaven portret 4

Текстот е објавен во Хоризонт, 14.10.1956, бр. 7-8, 1956.

Текстот е објавен во 2024 година, во книгата Автопортрет со седум прсти.

Други разговори и статии на Ацо Шопов