Страница од „Московскиот дневник”

Каквa е таја див-земја, какви са тие советски луге кои са појаки и од најопасното и најубоито современо оружје? Kаков е тој морал кој ги крепеше и во најтешките моменти како во победоносниот јуриш?

6 – јули 1945 год.

Просто не ни се веруваше, кога ни соопштиа оти овоа сабајле ке тргниме за Совјетскиот Сојуз, − толку се изначекафме по тие визи и авионот.

Со леки коли и камион се раз[j]уруваме низ оште сонливите улици на Белград, се спуштаме накај полуразрушената станција и избиваме на земунскиот мост.

Разноразни осећања не обфакјат ова сабајле. Интересувањето се помешува со далбоката почит према таја земја која во оваја крвава војна најмногу пострада, најмногу жртви поднесе, но на своите плешки ја изнесе победата над фашиска Германија и ослободувањето на поробена Европа од нејниот јарем. И ние [ce] не сакајки прашафме: каквa [е] таја див-земја, какви са [т]ие советски луге кои са [п]ојаки и од најопасното [и] [нај]убоито современо оружје? [K]аков е тој морал кој ги [к]репеше и во најтешки[т]е моменти како во по[бе]доносниот јуриш?

На земунскиот аеродром [н]е чека огромниот совјет[с]ки авион. Сите сме не[об]ично многу расположени и [р]адосни. Смех. Веселост. [С]екој се шегува на рачун на [н]ашето патување:

– Се до дека не ја изгубам [з]емјата под нозите не ве[p]увам оти ќе тргниме. ..

Авионот не проголтува [в]о својот огромен труп [и] почнува силно, неподнош[л]иво силно да брмчи.

Покрај моите пенџериња прострујува воздухот, нишејки се авионот почнува да оре по земјата и, ускорувајки ја се повеке брзината, запливува по воздухот.

Во трупот настанува комешање. Некој нарипнуват и за факјат оро да играат.

– Ура... Збогум Белград!

Далбоко под нас змијасто се извиваат темно-модрите води на Сава и Дунав, а мегју нив лежи белиот Белград.

Авионот лети над пространите рамнини над Бачка и Банат. Долго време ништо друго не гледаме: под нас е само непрегледно поле, над нас чисто и мирно небо, и мегу ниф нашиот авион спокојно и сигурно клизи.

Со нас патува и еден [м]лад совјетски капетан. [О]н од време на време погледнува во часовникот и [в]рти со главата:

[–] Половин саат одиме со ави[о]н и само поле...

Набргу полето изчезнува, се поја[в]уват пошумените висини на [K]арпатите, испресечени со би[с]три планински потоци. [К]ако плитки бразди се видат [р]ововите усечени по гребени[т]е на бреговите.

Изведнаш радосно заја[вување] [н]а совјетскиот капетан:

[–] Другари, минавме на совјетс[к]а територија. Сите на рипу[ва]ме и се збиваме околу [м]алите отвори на авионскиот [т]руп. Жедно гледаме во совјет[ск]ата земја. Лево и десно од нас се рафрлени мали [ce]ла, околу кои се зелене[а]т пространи колхозни [по]ља. Куќите изгледаат [ка]ко мали кутиички поредени една покрај друга. Околу секоа – со плот оградено парче земја.

Капетанот објаснува:
– Това е за секој селанин лично.
Далеко од нас, скоро покрај самиот хоризонт, низ густи зелени дрва се провлечува црниот труп на некој патнички воз. Јасно се видат покрај самата железничка пруга разбиени бункери и германски утврђења.

Земјата наоколу е ископана со далбоки змијасто извиени ровови. Мегју ниф зјаат огромни црни дупки, ископани сигурно од артилериски гранати или авионски бомби. Многу села са потполно уништени. Некој можат да се познаат само по това што...

Оваа страница од „Московскиот дневник“ на Шопов е објавена во Лите­ратурен збор, бр 3, 1983 година, стр. 7-8. Била отстапена од неговиот син, Владимир Шопов. Во печатениот текст не се вршени никакви интервенции, а нечитливите делови се даваат во аглести загради.

Ацо Шопов патува за Советскиот Сојуз, во 1945 година, како член на делегацијата на УСАОЈ, предводена од Славко Комар. Покрај него, од Македонија се наоѓа и Фана Кочовска.

Тематски сроден текст: Москва: впечатленија од јули−август 1945 година

Текстот е објавен во 2024 година, во книгата Автопортрет со седум прсти.

Други разговори и статии на Ацо Шопов