Новиот неуспел напад на крал Петар
Најголемата тековина на денешната народно-ослободителна борба е братството и единството на југославјанските народи. Благодарение на това братство и единствo народите на Југо- славиа успеа да во токот на трииполгодишната тешка борба одбележат такви сјајни дати и успеси какви не познавале од порано, успеа да од својата заедничка татковина − Југославиа создадат така јака, силна и напредна земја да таја стана важен фактор во обштосојузничката антифашиска борба, стана земја чии пат го следат и требе оште поодлучно да го следат сите балкански и европски држави, ако сакат да се сложи крај на сите досегашни несакани страданија, крвополитија и маки.
Сосем е јасно зашто тогај непријателите на југословенските народи највеке удараа [нечитливо] баш против нашето братство и единство. Ненародните реакционерни режими на стара Југославиа, начело со монархиата, водејки политика на национално угнетуванје сееја омраза мегјy нашите народи и така овозможиа на хитлеровите разбојници да побргу и полеко ја поробат нашата земја. Таја своја пеколна политика избегличката реакциа ја настави и уште повеке засили во токот на народно-ослободителната борба, организирајки воражени банди преку најголемиот издајник и крволок Дража Михајловикј, со цел да распламти братоубијствена војна и го разбие единството на југословенските народи. Со това таја направи неоценива услуга на окупаторот, во чие разбојничко дело стана соучесник.
Последните собитија пак, оште еднаш потврдуват дека крал Петар и сета избегличка реакциа околу него, никога ниту мислела ниту сакала да скрени от таја своја разорна полити- ка, дека никога не и лeжeле на срце народите на Југославиа, ами секога барала средства и начини да ја задуши нивната праведна борба, да го разбие нивното единство и отново се искачи на нивниот грб.
Народите на Југославиа не можеа ни да очекуват нешто поарно од последниот напад на крал Петар на споразумот Тито − Шубашикј¹, оти е убаво знајат сета негова досегашна издајничка работа. Крал Петар го уште веднаш откри пред нив своето вистинско лице − тој се покажа во правата светлост како разбивач на југословенските народи.
Има една убава народна поговорка: „Волкот влакната ги менува, но табијетот − не“. И вистина е така. Што цели крал Петар со последниот напад на споразумот Тито − Шубашикј?
Споразумот Тито − Шубашикj имаше за цел да ги уште повеке прошири и зацврсти редовите на ЕНОФ. Тој и уште еднаш покажа на сите оти во Југославиа не се водела нити се води грагјанска војна. Тој требеше да ги приведе на активна борба и работа и последните заведени и колебливи луге, кои се уште неоправдано стравуваа от народно-ослободителниот покрет во Југославиа. Споразумот Тито − Шубашикј требе- [нечитливо] снажни удари над обштиот враг − фашизамот. Како таков споразумот беше склјyчен во согласност со нашите сојузници − Советскиот Сојуз, Англија и Америка.
Но се чу осамотениот глас на крал Петар, кој се осмели да стави некој приговори на тој споразум. Така, тој не се согла- сува со составот на лугето во регентството и смета да АВНОЈ не може да ги преставуе народите на Југославиа, за това „што това значи даванје на власта во раци само на една политичка група“. По негово, би требало да се формира една влада во која ке бидат застапени сите политички групи − од крајната левица до крајната десница. Што значи това? Значи − да се овозможи на сите тие кои упорно работеа и работат против интереси- те на нашите народи, да се овозможи на издајинците Петар Жвковикј, Јевтикј, Слободан Јовановикј, Живко Топаловикј и др. да бидат заступени во таја „сепартијска“ влада. Изгледа да на крал Петар уште не му е јасно оти народите на Југославиа изградиа една нова државна заедница, во која нема место ни за еден издајник и разбивач на нивното братство и единство.
Но новиот напад на крал Петар не е само напад на брат- ството единството на југословенските народи, тој е напад и на единствениот антихитлеровски блок на сојузните народи. Ударајки по единството на југословенските народи, крал Пе- тар удара истовремено и по антихитлеровската коалиција. За това што ослобуванјето на нова Jyгославиа значи ослабуванје на силата на сојузените народи, а продолжуванје животот на фашиските разбојници, овозможуванје да тие уште палат и жарат како во неослободените краишта на Југославиа, така и во неослободените краишта на Европа.
И ете зашто изјавата на кралот не најде одзив ни кај еден од нашите сојузници. Tajа прозвучи како осамотен глас cpед пус- тинја. Министар председателот на Велика Британиа г. Черчил изјави оти споразумот Тито − Шубашич ке важи и натаму, не базирајки се на това дали крал Петар се согласува со него или не.
Но би погрешиле ако речиме да изјавата на крал Петар не најде кај никого на одзив. Не, таја беше од се срце, со триста пофалби и улигуванја дочекана и поздравена од фашиската пропаганда. Фашиската радио-станица Донау и др. го поздрави крал Петар, наречувајки го „геројски крал кој го одби спора- зумот Тито − Шубашикј“. А зошто баш само фашистите да ја поздрават изјавата на крал Петар? За това што таја изјава оди само и едино во нивна корист, како и во корист само на крал Петар и избегличката реакциа околу него.
А како одговориа народите на Југославиа на таја изјава? Народите на Југославиа дадоа достоен и одлучен одговор на крал Петар. Пак, како и секој пат, прв крена глава слободар- скиот, бунтовниот Белград и целиот србски народ. Над пeдeсe илјади демонстранти демонстрираа неколку дена низ бел- градските улици против изјавата на крал Петар, изливајки ја, истовремено, свojaта неизмерна лјубов спрема маршал Тито и сплотеноста околу АВНОЈ и Националниот Комитет. По при- мерот на Белград, станаа сите градови и села на Југославиа. Од милиони грла на југословенските народи ечеше и уште ечи: „Нејкеме го кралот − издајник“, „Само Тито − никој друг“, „Да живее АВНОЈ“ итн.
Народите на Југославиа, цврсто збиени околу својот един- ствен водач маршал Тито, уште еднаш е покажаа својата нескр- шива решеност и волја оти одлучно ке се борат како против фашиските палачи, исто така и против сите провокатори, хуш- качи и разбивачи на најголемата гаранциа за нивната срекјна и убава иднина: нивното братство и единство.


Текстот е објавен во Млад борец, на 27.1.1945, стр. 2.
1) Спогодбите меѓу Тито и Иван Шубашиќ, претседател на југословенската влада во егзил, за Шубашиќ претставувале шанса да влезе во коалиционата влада на Југославија по војната, а за Тито, шанса да дојде до меѓународно призние на својата власт. Во декември 1944 година, Тито и Шубашиќ ја дополниле втората белградска спогодба со ставка според која функцијата на крал Петар II Караѓорѓевиќ треба да ја извршува регентски совет од три члена, што предизвикало остра реакција од страна на кралот.
Текстот е објавен во 2024 година, во книгата Автопортрет со седум прсти.