Москва: впечатленија од јули−август 1945 година

Во Москва се навог’а големата „Сесојузна Ленинова библиотека“, која што има десет милиони книги. Огромни и долги згради. Кога би ги подредил човек една до друга книгите од оваа библиотека потребна му е должина од 24 илјади километри. Секој ден во неа доваг’ат по пет илјади читачи, а годишно се издаваат 4 милиони книги. Посебни се просториите за децата и младината.

Никогаш нема да го заборавиме тој прекрасен ден, кога таа, престолнината на великиот Советски Сојуз, „златна Москва“, како што и пеат сите советски луг’е, се покажа под нас. Како некаков огромен лив, сигурен во својата сила со широки и шумни улици од народ и автомобили, со црвени покриви и вечен дим над индустриските реони − лежеше Москва на својата истоимена река, по која што брзо ја сечеа водата речните транспортни бродови.

По широката улица на Горки, по која што јуреа стотици автомобили и брзаа по своја работа илјадници советски луг’е, одевме во центарот на градот кон Кремл. Се, и другарите од Антифашискиот комитет на советската младина, кои што не пречекаа на аеродромот, и големата работна врева по улиците, и црвените петокраки ѕвезди што гореа со рубинов пламен на Кремл, каде што се запревме − напомнуеше дека тоа не е обична земја во која што ние сме се родиле и добро сме ја запознале, туку нова, позната само во срцето и мислите и истовремено непозната земја, земја на социјализмот.

За време на вечерата еден другар подгина здравица.

„Другари, за човекот што го спаси човештвото од крвавите фашиски орди за...“ − не успеа да доврши. Громко, сложно „Да живее другарот Сталин“ − екна во салата.

Во широките прозорски окна се сјаеше Кремл. Опколен со високи ѕидови со златни кубиња, на кои што гореа петокраки, тој одаваше сигурност и увереност. Некогаш тој бил опколен со троструки ѕидини, мег’у кои што течела вода. Бил недостапен за многубројни завоевачи што се обидуеле да го покорат ру- скиот народ. И сега во деновите на татковинската војна, Кремл остана неосвоива крепост, Германците налетуеја со авијација на Москва, но тој стоеше посигурен од секогаш. Хладнокрвно ги ковеше плановите за разбивање на германските банди. Московјаните одеа во првите редови, копаа ровови и пееја:

„Каде што е Сталин, таму е и победата.“

Сталин беше во Москва. А Москва беше неосвоива.

До длабока ноќ шуми Москва. Низ замаглените окна гледаме во неа на Црвениот плоштад на Кремл. И секој од нас опфанат е од едно чувство кое што како трепет струи во телото, мислите и срцето: Москва−Кремл−Сталин!

Да можеме само да ѕирнеме од некаде, да ги видиме неговите очински брчки на лицето, длабоките грижни очи...

***

Патуевме многу по Советскиот Сојуз. Но во Москва се осек’авме како дома. Ги засакавме и улиците и кук’ите и луг’ето, а луг’ето не засакаа нас. Москва не лулееше како мајка, Москва ни ги отвори сите свои драгоцености и богатства. На една голема зграда покрај Кремл со крупни слова пишуе: „Комсомолот и младината во Татковинската војна“. Ја посетивме.

Слободниот и срек’ниот живот на советската младина го угрозуат германските завоевачи. Но, само за првите три дена на војната од Москва и Московската област доброволно тргнале на фронтот 260 млади комсомолии. Тие знаеле оти војната не е шега, знаеле оти многу од нив не ке се вратат дома, но исто така знаеле што значи фашискиот напад и тргнале. Грижливо ги чувале своите комсомолски билети, а многу со својата крв ги испишале на нив последните проштални зборови. Петнаесет- годишната комсомолка Катја Сазина, заробена од Германците, со својата крв го пишуе на мајка си последното писмо:

„Драга мамо, не одвлекоа во Источна Прусија. Јас не можам век’е да издржам вака. Живеам кај еден лекар кој што на своето дете му дозволуе со мене да работи што сака. Еднаш тоа ме убоде со нож, а кога му се пожалив на лекарот, тој со усмивка одговори: „Ах, па од тоа нема да умреш“.

Заробениот комсомолец Алексеј Сергеевич Кузнецов, со своите другари напишал:

„Збогум, родни советски брак’а. Денеска к’е не убијат. Ние сме млади, издржавме страшни маки, но останавме верни на татковината, ние сме цврсто уверени оти великиот Сталин к’е се врати...“

Во Москва се навог’а големата „Сесојузна Ленинова библиотека“, која што има десет милиони книги. Огромни и долги згради. Кога би ги подредил човек една до друга книгите од оваа библиотека потребна му е должина од 24 илјади километри. Секој ден во неа доваг’ат по пет илјади читачи, а годишно се издаваат 4 милиони книги. Посебни се просториите за децата и младината. Голема е жедноста на московската омладина за книгата. Ние тоа не го сетивме само во Лениновата библиотека. На улиците, во парковите, трамваите, во метрото − насекаде сретнуевме луг’е занесени над книгата. Директорот на Лениновата библиотека Комвенски ни рече:

„До војната библиотеката допринесуеше за зајакнуењето на нашата социјалистичка земја. Во војната ги вдахнуеше нашите луг’е за жестока борба против фашизмот. − А сега таа помага во обновата и понатамошната изградба на нашата земја. Оттука произлегуе и големата жедност на советските луг’е и младината за книгата.“

На бреговите на река Москва се навог’а голема изложба на запленето оружје од Германците и нивните сојузници во текот на 1941-1945 год. Стотини разни видови оружје, од 11 европски земји, заробиле црвеноармејците. На изложбата има само 110 топови различен калибер покрај многубројните минофрлачи, митралези, тенкови итн.

Веднаш до изложбата е „Паркот на културата и одморот“. Во своите слободни часови илјадници младинци, работници и студенти го граделе овој прекрасен парк. Тој к’е служи само за одмор. Пет илјади Московјани, колку што секојдневно до- ваг’аат во паркот, слушаат разни предавања, одат во летните театри, читаат книги во читалиштата, играт фудбал и одбојка. А децата? Тие имаат свој посебен дел во паркот. Таму играат разни игри, во работилниците прават разни глинени предмети, читат дечја литература, се забавуат во „собата за смеење“.

Ние видовме какви услови за развиток имаат московските деца и младината. Бевме во централниот детски дом на железничарите. Во бели кошулки, со црвени марами околу вратот, не пречекаа децата пред вратата. Едно девојче не поздрави: „Ние сме срек’ни што можеме заедно со вас да ја славиме победата“. Ни приредија концерт: песни на победата, игри и танци, белоруски игри и игри на железничарските деца.

Децата имаат свои сопствени библиотеки и соби за работа, каде што изучуат поедини делови од локомотивата и како се градат железнички пруги.

Кога тргнавме, тие долго стоеја на вратата и мавтаа по нас со своите црвени марами.

Така беше секој ден: илјади нови работи, илјади впечатоци.

Но врв на се беше кога го видовме него, за кого мислевме првата вечер гледајќи низ замаглените прозорски окна.

Два пати Москва засвете во текот на нашиот боравок: на парадата на Победата и фискултурната парада. И два пати го видовме Сталина. Тој стоеше на Лениновиот мавзолеј, заедно со своите ратни другари и ја гледаше непобедливата сила на Црвената армија и дивната младост на советската земја. Гледаше и се усмевнуеше како татко.

Aco Šopov glaven portret 4

Текстот е објавен во Нова Македонија, 7.9.1947, стр. 1.

Тематски сроден текст: Страница од „Московскиот дневник”

Текстот е објавен во 2024 година, во книгата Автопортрет со седум прсти.

Други разговори и статии на Ацо Шопов