За културно-просветната и воспитна работа со младината
На Третиот Конгрес на НОМСМ*, во дискусијата зеде збор и другарот Ацо Шопов кој збореше за културно-просветната и воспитна работа со младината.
Мегју другото тој рече: „Да се воспита и превоспита младината не е лесна задача, ниту пак тоа може преку нокј да се изврши. Но тоа не обврзуе сите нас, да со многу поголема упорност пристапиме кон ова прашање. Мене ми се чини, да во нашата воспитна работа, ние досега немавме достоточно упорност и не го поставуевме прашањето за воспитуењето на младината во онаа ширина, во која што може и треба да се постави.
Hие например, имаме таква положба да многу младинци од редовите на селската работничката и останатата младина се уште живеат така, како што се живеело порано и ако веќе сегашните условија овозможуат да се тој начин на живеење измени. Се уште постојат такви разбирања, да работниот човек не може и не знае културно да се издигнува, да не може културно да живее, да е за него доволно само тоа, што ке се најаде било што и ке легне да спие под било какви условија“.
Зборуејки за овие разбирања, кои се биле сервирани систематски во време на стара Југославија со цел да се убие „човешкото во човекот и зборејки за штетната појава кај дел од младината, суевереито, тој додаде: „За тоа, стои задачата пред сите нас, пред сета наша организација, да се води борба против секакви неправилни разбирања, да ја воспитуе младината културно да живее, да го пробудуе и развива нејзиниот културен интерес и ја привлечуе во сите културни установи. Борбата против суеверието, а за вистинско научно разбирање на сите природни појави и појави од нашиот друштвен живот, треба да биде составен дел на нашата воспитна работа.“
По тоа, тој збореше по прашањето за симнувањето на фереџето од лицата на нашата женска шиптарска и турска младина, истакнувајки ја големата улога на младинските организации сред младинките од малцинствата со убедуењето за неопходноста од симнуење на фереџето, тој предложи да Конгресот упати апел до сите младинки од малцинската младина, до сите жени од малцинствата за симнуење на фереџето − за раскинуење со тој знак на потчинетост и ропство.
По тоа тој за збореше значењето на стручниот кадар во пополнуењето на Петгодишниот план и за појавата кај многу младинци да се уште со недоверчивост гледат на средните стручни училишта и нерадо се запишуат во нив. „За тоа пред нас стои задачата да се бориме против тоа старо свакјање и стар однос кон стручните училишта, да развиваме љубов така да по свршуењето на стручните училишта замине на работа таму каде барат интересите на нашата Татковина“.
Зборуејки за односот на младината кон трудот, кој се повеке стануе чест и гордост за најшироките младински маси, тој истакна дека остатоците од старото свакјање и стариот однос кон трудот кај нашата младна преку воспитната работа треба да се отклонат и додаде:
„Кога зборуеме за трудот, најчесто се мисли на трудот на работникот, селанецот, на трудот што го вложува нашата работна интелигенција. Како да се заборавуе, а често пати и потценуе трудот на многу други лугје, кои исто таа вршат друштвено полезна работа и чии што труд е неопходен за развитокот на нашата земја. Често пати можат да се чујат мненија како тој и тој да pечеме чистач, пазач, поштар, шофер или други врши таква работа, која што не заслужуе внимание. Hие треба да ја подигнуеме свеста на секој младинец и младинка да го цени секој работен човек, да го поштуе трудот на другите лугје. Hие треба да ja научиме младината да во трудот на секој работен човек гледа допринос во остварувањето на заедничкото дело, да свати да со трудот на илјадници и илјадинци трудбеници, кои исполнуат повеке или помалку должности се гради и ке се гради заадничната поубава иднина на нашиот народ.“
„Да се воспита младината, да трудот стане за неа чест, долг, неопходност, да во трудот гледа расцвет на своите сили, да се во трудот надахнува за нови творешки победи, да биде непомирлива кон секакво немарно и неодговорно однесување кон должностите и да води борба против секакво расипништво, нештедење, против сите оние, кои што сакаат да го спречат нашиот развиток, нашиот напредок – во тоа се состои задачата на нашата организација“.
„Но младината ке можеме да ја воспитуеме, ако знаеме и умееме како да ја воспитуеме. Не може, да речеме еден претседател на активот на Народната младина во фабрика, да ја воспитуе и приволуе младината да се запознава со сите машини и алати, ако тој самиот не ги познава убаво машините и алатите. Таков младински раководител кој што нема стручни знаења, младината нема да го слуша, тој ке го изгуби авторитетот во очите на младината.
Понатаму тој зборуеше за овладуењето на Марксизмот-Ленинизмот истакнуејки, дека тој ке ги „вооражи сите наши раководители со такви знаења, со кои што ке можат да ја вклучат младината во борбата за исполнуење на нашиот Петгодишен план, во која што ке се превоспита целото наше младо поколение, одстрануејки ги преживелиците во својата свест останати од минато капиталистичко друштво.“


Текстот е објавен Млад борец, 17.07.1947, стр. 3. [Од рефератот на Ацо Шопов на Третиот Конгрес на НОМСМ, јуни 1947].
* НОМСМ: Народноослободителен младински сојуз на Македонија
Текстот е објавен во 2024 година, во книгата Автопортрет со седум прсти.