Со сила народ не се описменуе
Несомнено, дека Младинските бригади за борба против неписменоста покажаа видни резултати, обфануејќи голем број неписмени лугје од нашата Народна Република. Само Младинската бригада од ѓорчепетровска околија има организирано 37 аналфабетски курсеви со 1695 курсисти. Околискиот одбор на Народната младина за Ѓорче Петров правилно ја разбра важноста и обезбеди добро раководство на својата Младинска бригада. Во тесна врска со народната власт и останатите масовни организации, бригадата за кратко време успеа да собере голем дел од неписменото население кое што редовно ги посетуе аналфабетските курсеви.
На што се должи успехот во оваа околија? Прво, во сите села, каде што работаат бригадарците, формирани се активи, во кои што влегуат по неколку членови од сите масовни организации и одбори на народната власт, со задача, постојано да водат грижа за работата на аналфабетските курсеви, да ги повикуат и прибират неписмените и ги отклонуат сите пречки коишто оневозможуат на курсистите да бидат редовни. Второ, штабот на бригадата не раководи со бригадата бирократски од канцеларија и преку писма, а е постојано на теренот, помага и ги контролира бригадирците во нивната работа. И трето, бригадата и нејзините групи редовно одржуат состаноци, на кои што се разгледуат сите успеси, слабости и пропусти и веднага се превзимат нови мерки за подобруењето на работата.
Зошто бригадите на град Скопје не работаат?
Но, во сите околии младинските раководства, не се однесуат со таква грижа кон Младинските бригади за борба против неписменоста. Макар скоро на секаде да се формирани младински бригади и многу од нив раководат со аналфабетски курсеви, некои бригади не одржале до денес ниту еден состанок. Штабовите на бригадите не знаат со колку курсеви раководат бригадирците, и колку неписмени има обфанато во нив. А околиските одбори на Народната младина не превзимаат ништо да се поправи тоа положение.
Има и такви случаи, дека бригадирците по неколку недели чекат и не им се одредуе со кој аналфабетски курс и на кое место ќе работат, затоа што не биле собрани неписмените, − со кое што често пати се изговоруат некои младински раководители, сакајќи да ја префрлат својата одговорност на други лица или установи. Зошто, на пример, бригадите на гр. Скопје и до ден денешен не работаат? Карактеристични се збороите на командантот на бригадата од II реон, кон што на горепоставеното прашање, одговори „Градскиот одбор на Народната младина поставуе едни задачи, реонскиoт − други, а кога го зедовме списакот на неписмените, распределени по поедини курсеви блоковите секретари не се согласија со тоа, затоа што неписмените не могле да се соберат на некое друго место сем по куќите и тоа само по 6-10 души.“ Така, во Скопје, каде што има најголеми возможности, бригадите стоат неискористени.
Слабостите треба решително и брзо да се ликвидираат
Со овоа значи дека постои сериозна опасност од распаднуење на Младинските бригади за борба против неписменоста. Поради неодговорниот однос на некои младински раководства, поради тоа што штабовите на бригадите уште не се станале оперативни раководства кои што ќе водат сметка за секој аналфабетски курс и на време ќе превзимат мерки за отклонуење на сите пречки − многу бригадирци се оставени сами на себе си, без помош, и не се сеќават како членови на бригадите.
Затоа, прва задача на околиските одбори на HМ треба да биде да од штабовите на бригадите создадат такви раководства кои што ќе знаат како да помагат на бригадирците, ќе бидат постојано на терен и редовно ќе одржуат состанци и со бригадите и со нивните групи. Редовното одржуење на состаноци со бригадите е еден од најважните услови тие да постигнат максимални успеси во аналфабетската кампања. А тоа ќе може да се реализира ако младинските бригади бидат по големина такви како што се одредиа на конференцијата на просветните референти и преставителите од масовите организации во Скопје, т.е. − на секоа бригада има најмногу по 30 бригадирци. Јасно е, дека ако бригадите броат по 50-60 души (како во Кочани, Гостивар, Берово, Струмица и некои други околии) не ќе можат редовно да се состануат и да живеат како бригади. Или, − каква контрола може да оствари околнскиот одбор на Народната младина во Радовиш кога за двете формирани младински бригади одредил само еден штаб, со еден командант, заменик и статистичар?
Сите овие, и слични слабости и пропусти, младинските раководства треба решително и брзо да ги ликвидираат.
Друга една поголема слабост, за кое што и порано е зборуено, а која што сè уште се провлечуе, е слабата поврзаност со народната власт и масовите организации. Често пати младинските бригади остануат без најпотребните средства за нивната работа, затоа што младинските раководства сите прашања сакаат да ги разрешат сами и не бараат помош од страна на народната власт. Во сегашните бригади, може да се каже, оти вообшто нема членови на H[ародниот]Ф[ронт] , АФЖ*, синдикалните организации итн. Зошто? Затоа што некои младински раководства го разбират прашањето на бригадите само како свое прашање и не го поставуат пред одборите на Народниот фронт, да би се заеднички разгледале сите возможности и превзеле заеднички мерки.
Воспоставуење на цврста врска со народната власт и заедничко разгледуење на работата на бригадите во Народниот фронт и останатите масовни организации, − тоа треба секогаш да го имаат во предвид младинските раководства ако сакаме да сметаме на сигурен успех во аналфабетската кампања.
Со сила народ не се описменуе
Но, ангажирањето само на младинските раководства не е доста течно. Потребно е, секој актив на народната младина, секој член на младинската организација да ја има постојаната грижа на аналфабетските курсеви да не оскудеват со ништо, да неписмените бидат редовни и точни итн. Со никаков наговор не може да се оправда активот на народната младина во село Лешок, тетовска околија, што слабо работи аналфабетскиот курс, на кој што раководителот е член на Младинската бригада. Активот во ова село место да разгледа зошто неписмените не го посетуат курсот се задоволуе со тоа што преку одборот на власт „поставуе“ да секој неписмен мора задолжително да оди на курс оти во противен случај ќе биде казнет. А во истото село има неписмени жени со мали деца кои што не можат да ги остават сами. Не разгледуејќи како да им се помогне на неписмените да би тие биле слободни во време кога се одржуе курсот, активот на Народната младина во Лешок преку одборот на власта пристапуе кон присилни мерки и казни. Само по себе се разбира оти по овој начин не само што не ќе можат да се „присилат“ неписмените да го посетуат аналфабетскиот курс, а напротив, ќе се одбијат уште повеќе од него.
Активите на Народната младите треба да земат најдејно участие во работата на секој аналфабетски курс и на секој бригадирец од младинските бригади. Тие треба да живеат со сите прашања што искрснуат во нивната работа и да донесуат конкретни решенија и задолженија. Секој член на Народната младина треба да знае за кој неписмен е задолжен да води грижа да се стара за неговото довaѓање на курсот и му помага во отклонуењето на сите пречки кои би му попречиле да биде редовен. Особено голема помош може и треба да пружи женската младина, помагајќи на неписмените жени додека се тие на курсот, со свршуење на некоја нивна, неотложна домашна работа, чување на нивните деца и друго.
Само со сестраното ангажирање на активите на Народната младина, само ако постигнеме тоа да секој младинец и младинка осеќат одговорност за работата на аналфабетските курсеви ќе можеме да обезбедиме сигурен успех во аналфабетската кампања.
Никакво своеглаво разрешуење на прашањата, а само заедно и под раководството на Народниот фронт, нашата младинска организација ќе може наполно да одговори на овие задачи кон што пред неја ги поставуат нашиот народ и раководителите на нашата народна држава.


Текстот, со наднаслов „Борба против неписменоста” е објавен во Нова Македонија, 15.01.1947, стр. 3
* АФЖ: Антифашистички фронт на жените
Текстот е објавен во 2024 година, во книгата Автопортрет со седум прсти.