Да формираме младински бригади за борба против неписменоста

Огромно значење има сузбивањето на неписменоста сред нашите национални малцинства, каде во некој места бројот на неписмените е сто процентен. За тоа особено важна улога ќе одиграат младинските бригади за борба против неписменоста составени од млади Албанци и Турци кои на својот мајчин јазик ќе го описменуат албанското и турското население. Не помала важност ќе имаат и женските младински бригади за борба против неписменоста сред женското население на нашите национални малцинства кое од разни соображенија не ќе може да се описменуе заедно со останалите..

Во аналфабетската кампања младината и младинската организација преставуе еден од најодлучните фактори со чиа помош нашата народна власт ќе може успешно да се бори против неписменоста и да го ликвидира тоа најголемо зло − наследено од тешкото минало на нашиот народ. Свеста на нашата младина да работи за доброто на својата татковина, за светлата иднина на нашите народи, јарко се манифестира како на полето на обновата и изградбата, така и на културно просветното поле во која работа борбата против неписменоста се поставуе кај нас на прво место.

Но да би нашата младина дала што поголем допринос во описменуењето на населението и со тоа пружила поголема помоќ на народната власт, пред младинската организација, пред младината и младинските раководители стои нова бојна задача − формирањето на младински бригади за борба против неписменоста.

Исто така како што нашата младина доброволно и воодушевено формираше и формира бригади за изградбата на најразлични објекти за изградбата на варијантата Клисура−Удово, за новото корито на Вардар кај Рашче и многу други поголеми или помали акции, со истиот полет и жар кој го имаа нашите бригади на Младинската пруга, − денес нашата младина од своите редови ќе формира и бригади за борба против неписменоста. Младинските бригади за борба против неписменоста ќе бидат нов доказ за високата свест на младината, нова потврда на нејзината безгранична љубов кон својот народ и својата татковинна. Формирајки ги младинските бригади за борба против неписменоста нашата младина е свесна дека со тоа го исполнуе својот патриотски долг и ја потврдуе својата решеност да работи и служи само на интересите на својот народ.

Младинските бригади за борба против неписменоста треба да се формират по околиите (градовите, реоните) и со нив директно ќе раководат околиските одбори на Народната младина. Да би навистина могле да живеат како единици кои преставуат една целина, Младинските бригади за борба против неписменоста треба да имат 20-30 члена кои ќе работат во оние места што се во непосредна близина за да можат да се состануат секој 10 дена, да ги разгледуат успесите и недостатоците и го пренесуат опитот од работата на аналфабетските курсеви. Секоа младинска бригада за борба против неписменоста треба да има свој штаб и да биде составена од по неколку помали единици-групи, секоја со свој раководител.

Огромно значење има сузбивањето на неписменоста сред нашите национални малцинства, каде во некој места бројот на неписмените е сто процентен. За тоа особено важна улога ќе одиграат младинските бригади за борба против неписменоста составени од млади Албанци и Турци кои на својот мајчин јазик ќе го описменуат албанското и турското население. Не помала важност ќе имаат и женските младински бригади за борба против неписменоста сред женското население на нашите национални малцинства кое од разни соображенија не ќе може да се описменуе заедно со останалите.

Во младинските бригади за борба против неписменоста ќе можат да влегуат членови и на останатите масовни организации, како и учителите од теренот, кои поред тоа што ќе водат аналфабетски курсеви ќе помагат на бригадирите − раководители на аналфабетските курсеви во исполнуењето на нивните задачи. Во младинските бригади за борба против неписменоста треба да влегуат и младинците градители на Младинската пруга, а особено оние кои ги поминале аналфабетските курсеви и кои за таа работа имаат голем опит. Овие младинци и младинки ќе ја внесат во Младинските бригади за борба против неписменоста онаа пожртвованост и истрајност што ја имаа градителите на Младинската пруга.

Да би се членовите на Младинските бригади за борба против неписменоста наполно оспособиле и одговориле на задачата која стои пред нив тие предходно треба да ги поминат курсевите за раководители на аналфабетските курсеви кои ги организира нашата народна власт во околиските или окружните центрови. Така подготвени тие ќе можат да заминат на терен и секој член на Бригадите ќе може добро и правилно да го води својот аналфабетски курс. Но, бидејки првите Младински бригади ќе останат на теренот 45 дена тие треба да бидат подготвени и до останалите младински прашања како би уҡажуеле помоќ на активите на Народната младина во разрешуењето на задачите со кои се бави нашата организација. За тоа на истите курсеви на кои бригадирите ќе се оспособуат за раководители на аналфабетските курсеви, окружните и околиските раководства на Народната младина ќе треба да организират по неколку предавања за младинските прашања: за историјатот на младинскиот покрет во Југославија, за Статутот на Народната младина на Југославија, за културно просветната работа и идејно-политичкото воспитање на младината и др. Младинските бригади за борба против неписменоста, покрај нивната главна задача − описменуењето на неписменото население ќе треба да помагат на активите на Народната младина, нарочно по селата, во организирањето на читалачки групи, хорови, предавања, приредби во организирањето на целиот културен и политички живот на нашaтa младина. Со тоа тие ќе допринесат во зацврснуењето на нашата организација и оспособуењето на Секретаријатите на активите на Народната младина.

Како и во исполнуењето на секоја досегашна задача меѓу Младинските бригади за борба против неписменоста треба да се развие духот на натпреваруењето. Младинските бригади за борба против неписменоста, како и поедини членови на бригадите, треба да се натпреваруат во тоа која бригада или кој бригадир ќе собере во аналфабетските курсеви повеќе неписмени луѓе, ќе постигне подобри резултати и ќе описмени повеќе од останалите. Бригадите треба да се натпреваруат која од нив ќе го заслужи името на најарна бригада во Македонија, за да го добие преодното знаме што ќе го доделуе Главниот одбор на Народната младина на Македонија.

Уште еден услов за успешната работа на Младинските бригади за борба против неписменоста е тесната врска со просветните органи на Народната власт. Ни една бригада не ќе може да работи плански и добро, без знание на народните одбори. И ако Младинските бригади за борба против неписменоста ќе бидат една посебна форма со која нашата младина ќе участвуе во аналфабетската кампања, тие треба да бидат истовремено цврсто поврзани со народните одбори, кои раководат со целата аналфабетска кампања во својата околија или округ. Секое прекршуење на оваа врска може лошо да се одрази во работата на бригадите и да доведе до побркуење на плановите што ги имат народните одбори.

Нека биде најголема чест на секој младинец и младинка да во редовите на младинските бригади за борба против неписменоста учествуе во описменуењето на нашето неписмено население!
Нека биде света должност на секој младинец и младинка работата на ликвидирањето на големиот непријател на обновата и изградбата на нашата земја − неписменоста!
Нека Младинските бригади за борба против неписменоста ја имаат во својата работа истата упорност, пожртвованост и истрајност каква имаа Младинските бригади во изградбата на Младинската пруга.

Aco Šopov glaven portret 4

Текстот е објавен во Млад борец, 07.12.1946, стр.1

Текстот е објавен во 2024 година, во книгата Автопортрет со седум прсти.

Тематски сродни текстови:

  • За брзото отклонуење на слабостите во работата на младинските
  • Зошто не се употребува буквата „ѕ”?
  • Македонскиот јазик, трн во окото на големобугарските шовинисти
  • Јазикот наш литературен
  • Афирмација на нашата литература но и на странските литератури кај нас

Други разговори и статии на Ацо Шопов