Бев свесен за ризикот…

Најтешки се за препев првите стихови, со кои се пробива пат кон поинтимно навлегување во духот и сушноста на делото

Кога бев поканет да го преведувам Хамлет, бев свесен за ри- зикот од овој потфат. Се колебав дали да се зафатам со една толку одговорна задача. И, се разбира, токму тој ризик и беше една од компонентите за она што го остварив. Но, она што ме натера да се зафатам со преведување на Хамлет беше и извесното искуство што на тој план го имав пред тоа.

Што Ви претставуваше тешкотија при преведувањето?

За мене најтежок беше почетокот, како што беше случај и со Сид и Сирано де Бержерак. Најтешки се за препев првите стихови, со кои се пробива пат кон поинтимно навлегување во духот и сушноста на делото. Не е случајно што кај мене, како и кај мнозина други преведувачи, е видлив тој напор при преведувањето. Неколкупати навратував и ги преработував првите страници на Хамлет.

Подоцна и многуте потешки монолози полесно ги реша- вав. Најпосле човек почнува да живее со личностите и ситуа- циите на делото. Тешкотиите спoнтано се решаваат. Така, откако го завршив делото, вршев интервенции над целиот текст, но тие не беа од суштинско значење. Пред сѐ, во себе ги решавав проблемите, а потоа само ги пренесував на хартија.

Aco Šopov glaven portret 4

Разговорот е објавен во Нова Македонија, 11.10.1960, стр. 5. Во весникот не фигурира името на авторот на интервјуто.

Во воведот на објавеното интервју во Нова Македонија, меѓу другото се истакнува дека Шопов „првпат со поезија се јавува непосредно пред вој- ната во тогашниот средношколски весник“ и дека „поинтензивно почнува да пишува за време на НОБ и да објавува во органот на III Македонска ударна бригада Огин. Првата самостојна стихозбирка Песни ја објавува веднаш по ослободувањето, во 1944 година“. Во врска со творештвото и препевите на Шопов, се наведува дека „сега подготвува за печат своја нова збирка песни [станува збор за Небиднина], како и избор од старата кинеска лирика, а наскоро намерава да препее избор од поезијата на Борис Пастернак“.

Тематски сроден текст:

Во поголемиот дел од текстовите и разговорите на Шопов за поетското творештво станува збор и за литературниот превод.

Текстот е објавен во 2024 година, во книгата Автопортрет со седум прсти.

Други разговори и статии на Ацо Шопов