Ацо Шопов го отвара III Конгрес на Народната младина на Македонија
Другари и другарки,
Го отворам III Конгрес на Народната младина на Македонија.
Од името на досегашниот главен одбор на Народната младина на Македонија го поздравуам претседателот на президиумот на народното собрание Богоја Фотев претседателот на владата на Народна Република Македонија другарот Лазар Колишевски и сите министри на владата. Го поздравуам Генерал-лајтнантот на нашата славна Југословенска армија другарот Коста Наџ и сите гости од Југословенската армија. Го поздравуам претставителот на централното векје на Народната младина Стево Дороњски. Ги поздравуам офицерите на непобедивата геројска Советска армија. Ги поздравуам сите гости од Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, Главниот одбор на ЕСРНЈ* за Македонија и Главниот одбор на АФЖ**.
Ги поздравуам делегатите на младината од Народна република Србија, Народна Република Хрватска, Народна Република Словенија, Народна Република Босна и Херцеговина и Народна Република Црна Гора.
Ве поздравуам вас другари делегати и делегатки − кој што на овој Конгрес ја преставуете јуначката младина на Македонија и младината која се навоѓја во редовите нашата армија.
Другари и другарки,
III Конгрес на Народната младина на Македонија се одржуе во особено важни историски денови како за македонскиот народ, така и за сите останати народи на Југославија. Пред кратко време донесен е и со неизмерена радост прифатен од сите наши народи Законот за првиот Петгодишен план за индустриализацијата и електрификацијата на нашата земја.
Петгодишниот план − значи отргнуење на Народна Република Македонија од нејзината тешка стопанска, техничка и културна заостанатост, значи крупен чекор во развитакот и напредокот на сите наши народни Републики; со неговото остваруење ќе процвета нашата заедничка татковина ФНРЈ***, ќе се подигне благосостојбата на секој човек.
Петгодишниот план открива пред нашата младина досега неслутени светли персективи. Нашата младина е горда со тоа што ќе биде во првите редови на борбата за изградбата на посреќната иднина, оправдуејќи го големото доверие на своите народи, на својот љубим учител и вдахновител Маршал Тито. Во таа величанствена борба, борба за исполнуење и преисполнуење на Петгодишниот план, со невиден размав ќе се развиат творешките сили и способности на нашата младина од нејзините редови ќе израснат младинци и младинки нови стручни кадрови. Во таа борба ќе се создат условија за уште повесел, уште порадостен и поплодостворен живот на нашата младина. Широк е и сигурен патот по кој оди и ќе оди младината, ковејќи ја својата иднина.
Нека Конгресот биде голем работен договор манифестација на снагата и единството на нашата младина.
Нека сите делегати бидат пропиени со една желба: да донесеме такви решенија кој што сестрано ќе је ангажират нашата младина во исполнуењето на Петгодишниот план во борбата за изградба на новиот живот.
Да живее III Конгрес на Народната младина на Македонија.


Од рефератот на Ацо Шопов на Третиот Конгрес на НОМСМ, објавен во Млад борец, VI, бр.26, 12.06.1947, стр. 2.
* ЕСРНЈ: Земски одбор на единствените работнички и намештенички синдикати на Југославија, остован во Белград, во јануари 1945.
** АФЖ: Антифашистички фронт на жените
*** ФНРЈ: Федеративна Народна Република Југославија
Текстот е објавен во 2024 година, во книгата Автопортрет со седум прсти.