Ацо Шопов: Преводи и препеви на македонски
Во оваа одаја од Читалницата на Лирскиот дом на Ацо Шопов можете да прочитате избор од негови препеви на југословенски и светски класици. Податоци за објавените книги се наоѓаат во Библиотеката, оддел „Преведени автори”.
Work in progress... (Стара кинеска лирика..)
Од 1949 до 1976 год., Шопов има преведено дела на Отон Жупанчич (Цицибан), Едуард Баргицки (Песна за Апанаса), Иван Крилов (Басни), Јован Јовановиќ-Змај (Песни), Густав Крклец (Телеграфски басни), Едмон Ростан (Сирано де Бержерак), Никола Јонков Вапцаров (Песни), Пјер Корнеј (Сид), Григор Витез (Песна на чучулигата), Вилијам Шекспир (Хамлет принцот дански и 60 сонети), Мирослав Крлежа (Избор), Григор Витез (Морето и боите), Изет Сарајлиќ (Поезија), Драгутин Тадијановиќ (Вечер над градот) и Леополд Седар Сенгор (Поезија).
Ацо Шопов прв ги превел на македонски и приказнте на Шарл Перо Вили, Пепелашка, Убавица во магепсана шума, Русобрадиот, Рике со перче, Палче, Црвенкапа, Мачор в чизми, Магарешка кожа, во колекција од 12 бајки во кои се вбројуваат и Златокосата, Сината птица и Убавица и ѕвер.
Во превод на Ацо Шопов е и претставата за деца Оперета Три за грош или тие чудни приказни за чудното куче Гаврило од Јован Максимовиќ (Београд, мај 1960). Оригиналните автографи и машинописи на преводот се наоѓаат во Фондот Ацо Шопов во Архивот на МАНУ (АШ К4 АЕ118).
Во Читалницата исто така е достапен и избор од неговите: