Над опусот на Ацо Шопов

Изет Муратспахиќ

Изет Муратспахиќ, босанскохерцеговски писател и теоретичар на книжевноста

Ретки се поетите чиешто творештво е во толку нераскинлива врска со еволуцијата на поезијата на нивниот народ, како што е тоа случајот со Ацо Шопов. Неговата лирика е непосреден учесник и усмерувач на македонската повоена поезија во нејзиниот револуционерен пат кон осовременувањето на поетскиот израз и премостувањето на јазовите од минатото.
[…]

Во своите поетски патувања, Ацо Шопов никогаш не тргнуваше по веќе разгазени патишта, ниту пак дозволуваше граници и прегради да го попречуваат движењето на неговите мисли. Неговата песна секогаш бараше нови попришта, нови извори од кои црпеше секогаш поживотворни сокови за да заблесне со нов сјај.

Во потрагата по свежо руво за својот стих, тој почесто газеше по грмушки и трње отколку по широките патишта и раскрчените патеки на испробаните и проверени поетски концепти. Затоа неговото име е едно од најсјајните во повоената македонска литература, а неговите текстови се скапоцености во корпусот на македонската поезија.

Прочитајте го оригиналниот текст


Предговор во книгата Пјесме, 1984