Љубов
Ти што ме присилуваш да бидам таков каков што сум,
Ти што меч ми носиш во усмевка блага,
бев некогаш дете, сушта добрина и љубов,
бев твоја невиност и твоја тага.
Ти што си недостапна за туѓото мнение –
гол пред тебе стојам како вдахновение.
Ацо Шопов, Ветрот носи убаво време, 1957