Јус-критичар
1
Ги мери сите со аршинот на јус.
Еден е висок, друг е кус.
За едни минус, за други плус.
Но додека така кумува
Не изумува
Во туѓиот – својот да го провери вкус.
2
Неговата стручна експертиза
има само ембарго или само виза.
И додека го гради овој пантеон,
додека на сите им кумува
не ја изумува
својата девиза –
девиза на камелеон.
3
Цела деценија пишува критика,
но место естетски анализи и проблеми
тој ги решава своите дилеми:
како да се допадне на нечија политика.
4
Сета негова инспирација
Лежи врз државна дотација.
5
На сите совет и памет им дава,
А ушите му висат на туѓа глава.
6
Уште од малечок нежно го закрилија
Да биде верен на нивната фамилија.
Ацо Шопов, Јус-универзум, 1968
Песната за првпат е објавена во Остен, бр.3, год.XXII, 19.X.1966, стр.1. Тоа е првата од серијата 22 песни овјавувани редовно во ова сатирично списание до октомври 1967 година.
Оригиналните автографи од збирката се наоѓаат во Фондот Ацо Шопов, во АМАНУ: АШ К1 АЕ31. За четири песни постојат замо машинописи: „Јус-критичар”, „Јус-догматичар”, „Јус-солидаризерство” и „Јус-дискутанти”.