Советот на стариот врабец

(sine data)

Студена и страшна зима, чудно време ќе е,
Еднолично, тажно, снегот паѓа, вее.
Под дебели соспи горко стенка земјата,
Мразот приклештува, пукаат камењата.

На мртвата гранка под корка од лед
Три врапци стојат со поглед блед.
Ветрот безмилосно ги шиба и толчи,
Еден жолтоклун престана да молчи:

„Ми здодеа ова, студот ми збрчка и тело и ум,
Трошки од никаде ни топол костум.
Како блудник некој без цел и без крај,
Скитам, страдам и бескрајно патам, знај!

„О, а мојта судба − тажно џивна вториот,
Еднолично сѐ е и пуст е пределот.
Тие деца пакосни за малку ме сотреа,
Несносно евака под мразнава стреа!“

„Без тревога деца − рече врабсцот остарен,
Животот е тежок, но Бог е над нас загрижен.
Замислете само по зимата што нѐ чека:
Пролет… Радост… Трева толку мека!“

Еден во друг вранците се заѕверија,
Па штом срцата посилно им затреперија,
Запеаја песна во оваа низа:
„О, пролет… Среќа… Надежта е блиска!“

Ацо Шопов
Препев од српохрватски Владимир Шопов.
Песната е објавена во текстот „Кон најраното поетско творештво на Ацо Шопов“,
во Дело 74, год. XII, бр. 5−6, 1985, стр. 438-454.
Прочитајте други Необјавени песни од Ацо Шопов

Вратете се во поетскaтa одаја на Читалницата во Лирскиот дом на Ацо Шопов