Смртта на старецот

(08. 01. 1938)

Безмилосно паѓа снег,
Вее ветер силен.
Се белее ширум брегот,
Како да е свилен.

Но еве еден старец иде,
Чиниш ползи, а наеднаш се лизна,
Стар и изнемоштен та што ли ќе биде?
Падна. И со мака повторно се дигна.

Господ знае каде ли оди!
Само ти, Боже, знаеш.
Густ мрак, сал облаци и веда,
Единствено тие како да го следат.

Тој оди преку патот,
Преку патот, ридот − тој таму сака.
Студот голем го мати погледот
И трепери голата рака.

Му дојде мисла оти овде
би можел да здивне малку,
Но секаде и таму и тука,
сѐ е под снежна покривка.

Не можеше веќе − од студот падна.
Сѐ посилно треперат нозете.
И тука тој смрзнат и без глас
Го дочека в снег смртниот час.

Ацо Шопов
Препев од српохрватски Владимир Шопов.
Песната е објавена во текстот „Кон најраното поетско творештво на Ацо Шопов“,
во Дело 74, год. XII, бр. 5−6, 1985, стр. 438-454.
Прочитајте други Необјавени песни од Ацо Шопов

Вратете се во поетскaтa одаја на Читалницата во Лирскиот дом на Ацо Шопов