Also available in: English French
Раѓање на зборот
Глужд на глужд.
Камен врз камен.
Камена шума
изѕемнина.
Глужд на глужд.
Камен врз камен,
од камен и ние обата.
Чади ноќта.
Зборот се двои од темнина.
Модар јаглен му гори во утробата.
О ти што постоиш зашто не постоиш
небото го лулаш,
земјата ја вртиш.
О ти што постоиш зашто не постоиш
земјата јачи под камени плочници.
Иде замелушен од своите смрти
зборот што ги крши сите слепоочници.
Глужд на глужд.
Камен врз камен.
Својот гроб со прокуда го копам.
Отвори ме
проклетио,
ти тврдино камена,
да изгорам во јагленот на зборот,
да се стопам.

Зоран Анчевски:
Раѓањето на зборот и повторувањето
Катица Ќулавкова:
Толкување на песната
Тодор Чаловски:
Зборот што се раѓа од лирскиот оган

„Раѓање на зборот“, дело на македонскиот уметник Диме Шумка, инспририрано од истоимената песна на Шопов

„Раѓање на зборот“, дело на македонскиот сликар Илија Пенушлиски инспирирано од истоимената песна на Шопов