Пролет
(sine data)
Лута зима дамна пројде,
Милна пролет нам ни дојде.
Ни донесе цвеќиња шарени
И радоста ја зголели.
Шаренее на сите страни,
Прелетуваат пеперуги мали.
Сега само ветрот пирна,
А инаку сѐ е мирно.
О, колку е убав овој красен цвет,
Чиниш твој е сиот свет,
И овие блескави малечки капки
Што сношти на листот оставија стапки.
Тивко поточе тука жубори,
Меѓу сури карпи шумоли.
Над нив бубачиња летаат
За в миг врз цветот да слетаат.
Шаренее на сите страни,
Прелетуваат пеперуги мали.
Сега само ветрот пирна,
А инаку сѐ е мирно.
Ацо Шопов
Препев од српохрватски Владимир Шопов.
Песната е објавена во текстот „Кон најраното поетско творештво на Ацо Шопов“ во Дело 74, год. XII, бр. 5−6, 1985, стр. 438-454.
Прочитајте други Необјавени песни од Ацо Шопов
Вратете се во поетскaтa одаја на Читалницата во Лирскиот дом на Ацо Шопов