Поглед

Јас сум плот и мака земна.
Идам како твое откровение.
Јас сум воин со судбина темна
пред бездната на твоето бдение.

Отвори се како срце бремено,
како прва мисла во годината,
и ти ќе ја сетиш истовремено
опората сладост на вистината.