Партизански марш

Низ планини, гори, села
партизани млади бродат,
насекаде борба смела
со фашисти лути водат.

Што са маки, што теглила,
што е крвав бој,
што фашиска мрачна сила
пред народот свој!

Еј сѐ врие, сѐ се крева,
трешти, грми крај наш роден,
слнце блика – ден изгрева,
ден прекрасен – ден народен.

Напред, напред, партизани,
со титански лет,
да се чистат сите страни
од фашиски смет!

Низ планини, гори, села
партизани млади сноват
и со робска земја цела
живот нови смело коват.

Ацо Шопов
Архив на Институтот за национална историја, к. 116, инв. бр. 857/38
Песната е објавена во написот на Блаже Ристовски: „Кон проучувањето на почетниот период од творештвото на Ацо Шопов”, 1980.

Прочитајте други необјавени песни од Ацо Шопов