Очи и ораница

Очите на желбите горат од зеленина,
Зелен галоп, зелен ламтеж, зелена перјаница,

Само во длабините со мудра промисленост
скржав траг ни остава стварната ораница.