Ноќ
(01. 01. 1938)
Ноќта тивка дамна падна
Насекаде царува мрак,
И дрвјата голи ги скри
И сѐ наоколу.
Сред тивката опојнa нoќ
Светкаат сјајни ѕвезди.
Насекаде штама, насекаде мир,
Сѐ е во најдлабок сон,
Па мене така ми се чини
Ко да нема човек жив,
Како секој да се готви
За вечниот живот свој.
Ацо Шопов
Препев од српохрватски Владимир Шопов. Заедно со „На чешмата” и „Сеќавање”, оваа песна е објавена во Нова Македонија, „Културен живот”, 20.04.1985, стр 8. Објавена е и во текстот „Кон најраното поетско творештво на Ацо Шопов“,
во Дело 74, год. XII, бр. 5−6, 1985, стр. 438-454.
Прочитајте други Необјавени песни од Ацо Шопов
Вратете се во поетскaтa одаја на Читалницата во Лирскиот дом на Ацо Шопов