Also available in: English

Квечерина

Спиј. Каменот спие. Спијат водите.
Зад ридјето на твоите веѓи
со плашиците на твојот поглед
залез на сонцето.

Спиј. Каменот спие. Спијат водите.
Врз исчадената греда на твојата мисла
ко клупци во селска куќарка
излитени играчки на денот.

Спиј. Каменот спие. Спијат водите.
Над јаболкницата на твоите соништа
над јаболкницата светлотрепетлива
ѕвезди зорници.

„Квечерина“ и „Ако ти недостасува светлина“ во музичка изведба на Ендру Доунинг (дупли бас), Кростофер Беган (пијано), Анаис Келси-Вердекиа (сопрано, солистка), Алисон Беквит (сопрано), Аника Венкатеш (меѕо-сопрано), Лери Беквит (тенор) и Дион Мацероле (бас).

„Ако ти недостасува светлина“ и „Квечерина“, во музичка изведба на Ендру Доунинг (дупли бас), Кростофер Беган (пијано), Анаис Келси-Вердекиа (сопрано, солистка), Алисон Беквит (сопрано), Аника Венкатеш (меѕо-сопрано), Лери Беквит (тенор) и Дион Мацероле (бас).

Хеликониан Хол, Торонто, 14.2.2025

Композитор: Мајкл Спироф