Од кај таква жестина во твојот глас
Од кај таква жестина во твојот глас
добрино,
Од кај таква безгрижна отсутност во раката.
Та шеговито одминуваш покрај сите радости,
а знаеш ли како љуби маката?
Од кај таква жестина во твојот глас
добрино,
кој кроткоста мудра ти ја уби?
Ти ја раскоренувш нашата убавина,
а знаеш ли како без корен те љуби?
Ацо Шопов, Ветрот носи убаво време, 1957