Дожд

(30. 01. 1938)

Цел ден небото е стушено,
Сонцето над облаци се крие,
Па мислиш за некој миг
Студен дожд ќе почне да лее.

Вдолж улицата ни радост ни јад,
Секој дома крај огниште се скрива.
Сал змијулестиот чад
Над крововите се извива.

Се спушта мрачна и празна вечер.
Кроце по крoцe − заврнува.
Но наеднаш просто почнува да тече
И мислиш потоп настанува!

По улицата потоци
со вода матна, кална,
Се слеваат во вистинска река
Вдолж улицата дална.

Така таа темна и глува ноќ одминува
Заедно со дождот кој престанува.
Се ведри. Ново утро пристигнува.
Руди. На хоризонтот сонцето се буди.

Ацо Шопов
Препев од српохрватски Владимир Шопов.
Песната е објавена во текстот „Кон најраното поетско творештво на Ацо Шопов“,
во Дело 74, год. XII, бр. 5−6, 1985, стр. 438-454.
Прочитајте други Необјавени песни од Ацо Шопов

Вратете се во поетскaтa одаја на Читалницата во Лирскиот дом на Ацо Шопов