Да знам

Да знам што ми значиш во животот
јас би си отпочинал убавино сакана.
Се изморив од гледања негледања,
Се изморив од молби и закана.

Да знам дека е сè попусто,
дека нема ни смисла ни значење,
не би се засолнил никогаш
пред тоа вистинско мачење.