Ина Јун-Брода (Хрватска-Австрија)

Ина Јун Брода (1902–1983), хрватска писателка и препејувачка

Хрватската писателка и препејувачка Ина Јун-Брода (околу 1900–1983) била многу блиска пријателка на Шопов и голема обожавателка на неговото дело.

Нејзиното право име било Ina Ehrlich, а пишувала и под псевдонимите Jana Joan, Giula Weiner. Зависно од изворите, родена е во 1899, 1900 или 1902. Починала во Загреб, на 16 август 1983 година.

Во младоста била партизанка, а веднаш по Втората светска војна работела како социјална работничка во канцеларијата на Обединетите нации во Загреб. Позната е најмногу по нејзините преводи на југословенски писатели на германски јазик кои ги објавувала во Австрија.

Препејала голем избор од поезијата на Шопов кој фрагментарно бил објавуван во антологии и списанија.

Сите нејзини препеви кои останале во домот на Шопов по нивната смрт во 1982 и 1983 година се објавени во двојазичното (француски-германски) издание објавено во Луксембург, во 2012 година, под наслов Црно сонце.

Една од причините за нејзината пријателска блискост со Шопов е можеби во тоа што тој бил врсник со нејзиниот син и истоименик Александар Савиќ (роден: Алел Шварц) кој поради неговиот активизам во Сојузот на комунистичката младина на Југославија и неговото еврејско потекло бил депортиран во концентрациониот логор Данца во Копривница, за да ги заврши деновите во Јадовно, каде што бил измачуван до смрт во 1941 година.

Написи на Ина Јун-Брода за Ао Шопов

Ина Јун Брода и Ацо Шопов (лево), со литературниот критичар Георги Старделов, на Струшките вечери на поезијата. помеѓу 1976 и 1979 год.