Неговата веселост ја избриша куртуазијата
Последниот напис на Шопов објавен во текот на неговиот живот

Текстот е објавен во Вечер, 24.5.1980, стр. 14. Претходно Шопов го објавил во Културен живот, XXII, 5-6, 1977, стр. 20, под наслов „Република на поезија“. Авторизираниот машинопис се наоѓа во Фондот Ацо Шопов, АМАНУ, архивска единица АШ К3 АЕ66.
Контекст: Амбасадорскиот мандат на Шопов во Сенегал завршува со официјалната посета на претседателот Леополд Седар Сенгор во Југославија, во август 1975 година. Истовремено, Сенгор учествува на Струшките вечери на поезијата, како лауреат на „Златниот венец“. Посетата на Сенгор на Југославија започнува во резиденцијата на Тито на Брдо кај Крањ, во Словенија, на 30 август 1975 година. Тогаш е одржан свечениот ручек на кој Тито ја нарекува Македонија „Република на поезија“. Истото попладне, Сенгор и Шопов заминуваат, со делегацијата, во Охрид, каде што вечерта се одржува свечениот омаж на лауреатот во црквата „Св. Софија“. На 1 септември се враќаат во Словенија, на дводневен престој во резиденцијата на Тито. Тогаш се одржува, меѓу другото, интимната вечера што ја споменува Шопов во овој напис.