„Очи на Шопов“, Штип, 9-13 мај 2025

Очи на Ацо Шопов - 2025

Подигање на културната свест кај младите и нивно активно вклучување во културата – тоа е основната цел на оваа амбициозна културна манифестација во организација на група младинци од родниот град на Ацо Шопов.

Од 9 до 13 мај 2025 година, во Штип се одржува културната манифестација „Очи на Шопов“, на иницијатива и во организација на ученици од гимназијата ,,Славчо Стојменски" во Штип, со поддршка на гимназијата и на Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип.

„Поради недостатокот на културни настани во нашата општина се соочуваме со недостаток на културна свест и исклученост на младите од културниот свет како и голема незаинтересираност за културата. Со овој настан се подига културната свест кај младите и им се пружа прилика да се вклучат во настаните и, преку културата, да го оживеат градот. Младите имаат потреба од вакви културни настани во сопсвениот град. Со овој настан, младите од Штип ќе имаат нешто свое, како свој белег, и ќе ја негуваат културата во својот град“, истакнуваат членовите на организацискиот тим: Даница Левкова, Тамара Коцева, Мелани Цекова, Ангела Стојанова, Лина Тачевска и Теа Барбашка.

Целните групи кои ги опфаќа иницијативата се учениците, односно основците и средношколците, кои се поканети да учествуваат на школските натпревари во следните области:

ЛИТЕРАТУРА: „Шопов е минатото, сегашноста и иднината“ и „Младите гледаат преку очите на Шопов;
ОРАТОРСТВО: „Шопов војува со перото“
РЕЦИТАТОРСТВО: слободен избор од творештвото на Шопов
ЛИКОВНА УМЕТНОСТ: „Низ очите на Шопов“.

Програмата предвидува серија други настани во кои учениците ќе учествуваат или ќе волонтираат во организацискиот тим.

АГЕНДА

09.5.2025, петок 

  • 12:00 – 13: 30 Отварање – Тренинг центар на УГД
  • 15:00-16:30 Посета на спомен собата на Шопов – Спомен соба на Ацо Шопов, Дом на култура

10.5.2025
сабота

  • 12:00 – 13:30 Ликовна работилница со деца со посебни потреби и лица со попречености – Галерија, Дом на културата
  • 16:00 – 17:30 Изложба на делата од работилницата – Галерија, Дом на културата
  • 19:00 – 20:30 Балетска претстава – Мултимедијален центар УГД

11.5.2025
недела

  • 10: 00 – 11:00 Ораторски натпревар – Тренинг центар УГД
  • 11:30 – 12:30 Рецитаторски натпревар – Тренинг центар УГД
  • 13: 30 – 15: 00 Доделување на наградите од натпреварите и од литературните конкурси за проза и поезија – Тренинг центар УГД

12.5.2025, понеделник

  • 12:00 – 14:00 Репромоција на книги од Ацо Шопов – Тренинг центар на УГД
  • 19:00 – 20:30 Концерт на играорни друштва – Мултимедијален центар УГД

13.5.2025
вторник

  • 17:00 – 17:30 Положување цвеќе на бистата на Ацо Шопов пред Домот на културата
  • 19:00 – 21:00 Затворање на манифестацијата, музички концерт –Мултимедијален центар УГД

„Културната манифестација е посветена на Ацо Шопов“, истакнуваат организаторите. „Предвидено беше таа да се одржи во април, по повод 43 години од смртта на поетот од градот под Исарот. Но поради трагичниот настан во Кочани, ја одложивме за мај.“

Покрај Фондацијата за развој на локалната заедница и гимназијата „Славчо Стојменски“, организацискиот тим на манифестацијата доби поддрќка и од печатницата Ideal grafika, ЕАМ Кожувчанка, книжарница Давка, Струшки вечери на поезијата, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Н.У Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип, Општина Штип, фондација „Ацо Шопов – Поезија“, НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип, здружение „Аква“ – Струга.

Влезниците за настаните наменети за широката публика  публика ќе се продаваат за симболични суми кои ќе бидат употребени за хуманитарни цели.