Also available in:
ПРОГРАМА
Отворена капија на Лирската воденица, 2026
Петок, 26 јуни
18:00 - Капијата на Лирската воденица се отвора
18:00 - 18:30 – Уметничко катче
Уметниците и „воденичарите“ ја пречекуваат публиката со пијалок за добредојде
18:30 - 19:00 – Уметничко катче
Длабоко време – Средба со Софи Аршамбо де Бон (скулптура), Полин Дерамон (фотографија) et Весна Вујичиќ-Лугаси (сликарство).
19:00 - 20:00 – Театар-дрварница
„Кога ноќта…“ – музичко патување околу светот – Дуото СолиПс (Елена Стојческа – флејта, Ромен Петио – гитара) ја кани публиката на средба помеѓу музиката и поезијата, преку универзумот на Клод Дебиси и неговите влијанија во Европа, Јапонија и Јужна Америка.
Сабота 27 јуни
18:00 - Капијата на Лирската воденица се отвора
18:00 -18:30 – Уметничко катче
Уметниците и „воденичарите“ ја пречекуваат публиката со пијалок за добредојде
18:30 - 19:00 – Уметничко катче
Зборови и слики, одгласи на една заедничка тишина – Двојазично поетско читање на поезијата на Ана Кјара Педуци, во срцето на уметничките фотографии на Полин Дерамон.
19:00 - 19:30 –Театар-дрварница
„Клавијатурни мечтаења“ – Пијано-рецитал на Мајкл Спиров, канадски композитор и музичар.
19:30 - 20:00 – Театар-дрварница
Сенгор – Шопов: Паралели со допирни точки – Поетски перформанс по сценарио на Јасмина Шопова, во чест на двајцата големи поети на дваесеттиот век, во изведба на Амаду Гај и Виржини Анри Жагер.
20:00 - 21:00 – Веранда
Шведска маса: време и простор за средби со уметниците на Лирската воденица.
21:00 - 21:30 – Летниковец
„Куќата надвор“ – Поетско- музички визуелен перформанс, по сценарио на италијанската поетеса и фотографка Миа Леконт, со учество на француската поетеса и пијанистка Лор Камбо. Куќата се покажува како место низ кое се минува, со подвижни ѕидови и променливи идентитети.
21:30 - 22:00 – Летниковец
Времеплов, концерт за две флејти во изведба на Елена Стојческа et Богдана Бушевска. Проследени со визуелни проекции, нивните изведби поврзуваат различни музички епохи.
Недела 28 јуни
10:30 - Капијата на Лирската воденица се отвора
11:00 - 13:00 – Летниковец
Писма од мојата Лирска воденица – програма за деца низ светот на книжевноста:
- 11:00-11:40 :
Традиционални детски песни за воденици – гласаме, пееме, танцуваме, со Нина Валисер, матурантка; - 11:40-12:20 : „Тајната на мајстор Корниј“ – слушаме и размислуваме со Никол Ик, театарска глумица;
- 12:20-13:00 : Китови во Лондон и други приказни во стихови – читаме, пишуваме, цртаме, со Миа Леконт, поетеса.
На децата им се нудат закуски помеѓу трите сесии.
13h15 - Затворање на капијата на Лирската воденица.