
Денови на поезијата, 2024
За првпат во регионот, а веројатно и во Европа, трговски центар од затворен тип неколку дена во целост се посветува на убавиот поетски збор.
Од 21 до 24 март, во Скопје Сити Мол се одржува манифестацијата „Денови на поезијата“, по повод Светскиот ден на поезијата, а во знак на 85 години од објавувањето на Бели мугри од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на Песни од Ацо Шопов – првата книга објавена легално на македонски јазик во слободна и суверена Македонија.
Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол се здружија за да ѝ ја претстават македонската современа поезија на најшироката публика, поврзувајќи ги, преку ликот на Шопов, сите генерации поети, од основоположниците, преку афирмираните поети, па сè до оние кои допрва почнуваат да ја градат нејзината иднина.
Идеја водилка на Деновите на поезијата е да ја извлече поезијата од занданите на заборавот и од „кулата од слонова коска“, истовремено отворајќи нови простори за идните поетски изрази.
- Програма на Деновите
- Најава
- Соопштение за свеченото отворање
- Моменти од отворањето
- Државен рецитаториски натпревар
- Скопје СИ ТИ