Поетроника: Песни химни @ МНТ

Перформансот „Песни химни @ МНТ“ содржи делови од поетско-музичките илустрации создадени за претставата „Марта Верина“, во режија на Нина Николиќ и сценарио на Драгана Лукан Николоски, инспирирано од поезијата на Ацо Шопов.

 

Андеја Салпе и Оливер Митковски настапија со овој перформанс на сцената на МНТ во сабота, 5 април 2025

Неколку инсерти од настапот на Поетроника, со сцени од песните „Во тишина“, „Раѓање на зборот“, „Небиднина“ и „Во сонот на црната жена“.

Soundtrack for Marta Verina | POETRONIKA

Поетроника настапи со овој перформанс и на отворањето на 5. едиција на Скопскиот поетски фестивал, во кино „Фросина“, на 24 април 2025 година.