Марта Верина, театарска претстава, 2024

Инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, „Марта Верина“ прави конекција помеѓу песните напишани пред повеќе од 50 години и денешните животни драми. Песните на Шопов – свежи и модерни – ни ја откриваат суштината на ликовите кои постојат овде и сега, и секаде и секогаш.

 

Во режија на Нина Николиќ, по сценарио на Драгана Лукан Николоски, претставата премиерно се одигра на 8 ноември 2024, во МНТ.
Играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софиа Насевска-Трифуновска и  Саша Ханџиќ.
Музиката е од  Оливер Митковски и Андреја Салпе (ПОЕТРОНИКА) кои настапија на сцената на МНТ на 5 април 2025 со перформансот „Песни химни @ МНТ“ кој ги содржи песните на Шопов во „Марта Верина“: „Во тишина“, „Раѓање на зборот“, „Небиднина“, „Во сонот на црната жена“.