Визуелни инспирации

Во оваа одаја на Лирскиот дом на Ацо Шопов се наоѓаат визуелни дела инспирирани од неговото творештво. Покрај македонските автори, како Кирил Ефремов, Диме Шумка, Илија Пенушлиски, Зоран Јакимовски, Татјана Миљовска и Марина Лешкова, тука се и илустрации на дела на Шопов од мексиканскиот сликар Родолфо Хортадо (1940-2005) и бугарскиот поет и сликар Роман Кисјов.