Also available in: French

Леополд Седар Сенгор: Поезија

Избор и препев: Ацо Шопов. Скопје, Нова Македонија, 1975

1975-Sengor-Poezija-Cover

На македонската публика сенегалскиот поет и државник Леополд Седар Сенгор ѝ го откри Ацо Шопов, во 1975 год. По четиригодишниот престој во неговата земја, Сенегал, во својство на амбасадор на СФР Југославија, Ацо Шопов го предложи Л.С. Сенгор за добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, и препеа заедно со Влада Урошевиќ и Георги Сталев обемен избор од поетското творештво на овој светски прочуен поет и теоретичар на Негритидата.

Во колекцијата на лауреатите е објавен двојазичниот избор на поетското творештво на Сенгор под наслов Поезија (250 стр.) со предговор на Ацо Шопов, којшто е воедно и препејувач на поголемиот дел од песните.

Книгата е повторно објавена во 2016 год., во колекцијата ”Ѕвезди на светската книжевност”, во издание на Арс Ламина, Скопје.

Дел од препевите на Шопов се објавени и во Сенгор – Шопов: Паралели, Сигмапрес, 2006, објавена по повод одбележувањето на Годината Сенгор во Македонија.