Also available in:
Снажен модерен поетски глас
Поезијата на Ацо Шопов покажува како брзото созревање на македонскиот поетски говор, во име на потрагата по нов израз без да се изневерат националните специфики, ги надминува фолклорните елементи и сè повеќе се врзува за современите поетски струи. Неговите стихови претставуваат негација на конзервативните поетски форми и во врзаниот и во слободниот стих. Она што го забележуваме кај некои други постари и помлади македонски поети – тенденцијата за осовременување на изразот врз основа на стилизирање на фолклорните елементи – кај Шопов тешко се забележува, а и таму каде што е изразено, се јавува на еден модерен поетски начин.
Прочитајте го интегралниот текст на српскохрватски
Драгутин Вујановиќ, црногорски писател и новинар од Цетиње
Оригиналниот текст на српскохрватски е објавен во Стварање, Титоград, 1966, XXI, 6, стр. 674-677