Also available in:
Програма на Отворената капија на Лирската воденица
Сабота 12 јули
14:00 - Отворање на капијата на Лирската воденица
14:00 -14:30 – Влез -> Ливада
Организаторите и уметниците ја дочекуваат публиката.
Кафетерија
14:30 - 15:15 – Театар-дрварница
Чудната приказна за воденицата што не си го знае името – приказна за возрасни и за деца од Јасмина Шопова, базирана на архивски материјал, во соло изведба на Никола Бернар.
15:15 - 15:30 – Ливада
Кафетерија
15:30 - 16:30 – Летниковец
Нацртај ми воденица – работилница за деца под менторство на Весна Вујичиќ-Лугаси, специјалистка за светското културно наследство при УНЕСКО. Сцени од работилницата, на француски.
15:30- 16:00 – Театар-дрварница
Несреќни луѓе ! Која е вашата судба ! или Камоенс нашиот современик – кратко патување низ поезија и проза по животниот и творечкиот пат на познатиот португалски автор на „Лузијадите“ (1572), во изведба на Лука Арико-Кури. Францускиот препев на стиховите му го должиме на Франсоа Рагон, роден во Авалон во 1795 година.
16:00 - 16:30 – Театар-дрварница
Лирата и кавалот – поетска и музичка изведба, со актерката Никол Ик и флејтистката Гаел Лекок, во чест на Ацо Шопов, „душата на Лирската воденица“.
16:30 - 17:00 – Ливада
Кафетерија
17:00 - 17:40 – Агол на уметниците
Разговори за уметноста
– Средба со визуелните уметници во нивните изложбени простори.
- 17:00 - 17:20 – Бенедикт Мубарак : Да му се врати невидливата убавина на скршеното – Либански одблесоци (Изложба на акварели)
- 17h20 - 17h40 – Бруно Гури: Ефемерна изложба на дела од скулпторот-ковач од Ла Мезон-Дие.
17:50 - 19:10 – Предворје на верандата
Гемеос – концерт на пејачката на фадо Бевинда и нејзините гитаристи Жил Клеман и Мисја Фицџералд-Мишел.
19:15 - 20:00 – Летниковец
Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме? – поздравна реч на „воденичарите“, проследен со аперитив и продажба на предмети поврзани со програмата (акварели, скулптури, ЦД-а, книги, елеци)
20:00 - 21:40 – Ливада
Разиграната воденица – вечера и музика за весело заокружување на првиот ден од Отворената капија на Лирската воденива
21:40 - 22:00 – Ливада
Танц со оган во изведба на Силвана Вучиќ.
22:15 - Затворање на капијата
Недела 13 јули
14:00 - Отворање на капијата на Лирската воденица
14:00 -14:30 – Влез -> Ливада
Организаторите и уметниците ја дочекуваат публиката.
Кафетерија
14:30 - 14:45 – Театар-дрварница
Мајстор столар, мајстор шансониер – омаж на Адам Бијо, поет од 17. век, во изведба на Аријан Бејли и Режис Мејран, со театарската трупа Бахус од Безансон.
14:45 - 15:15 – Театар-дрварница
„Од неговиот елек со своите решителни вибрации до корените на неговите мустаќи, сонцето завршуваше со истоварувањето на своите трупци“ – модна ревија на Лоранс Барато, со музичка придружб на Режис Мејран.
15:15 -15:45 – Театар-дрварница
Миризливиот пантер – поетско читање на луксембуршкиот писател Жан Портант.
15:45 - 16:00 – Ливада
Кафетерија
16:00 - 17:00 – Летниковец
Нацртај ми воденица – работилница за деца под менторство на Весна Вујичиќ-Лугаси, специјалистка за светското културно наследство при УНЕСКО и поставување на изложбата на делата на малите уметници. Сцени од работилницата, на француски.
16:00 - 17:00 – Театар-дрварница
Матилда и Гистав – предпремиера во изведба на Марија Вендола и Жан Петреман.
По неодамнешното објавување на „Кореспонденција со Матилда“ од Гистав Курбе (Галимар, 10 април 2025 год.), театарската трупа Бахус настапува во Лирската вденица со извадоци од нивната нова претстава,во подготовка за сезоната 2025-2026 година.
17:00 - 17:15 – Ливада
Кафетерија
17:15 - 18:00 – Предворје на верандата
Концерт на фадо со Бевинда и нејзините гитаристи Жил Клеман и Мисја Фицџералд-Мишел.
18:00 - 18:45 – Летниковец
Отворање на изложбата „Нацртај ми воденица“ и доделување на медали на малите уметници. Аперитив и продажба на предмети поврзани со програмата (акварели, скулптури, ЦД-а, книги, елеци)
19:00 - Затворање на капијата