Also available in:
Влезна линија во поетското творештво на Ацо Шопов
„Ацо Шопов ја претставува динамичната линија на македонската поезија со самото негово творештво и во самото негово творештво. Но, припаѓајќи му особено на првиот круг на градители на повоениот стих, тој поминува од една во друга фаза без да ги опфати и без да ги споделува сите достигнувања и белези на поезијата од неговото време. Тој го создаде својот свет и стилот на неговата личност на свој начин, со своја сопствена определба. Поминувајќи низ сопствените искуства, афинитети и моќи, застана на просторот каде што го донесе неговиот вистински талент. Не е исклучен понатамошнен пат на градење, но она што до сега го создаде е веќе лирика со цврст печат на сигурна афирмација. Кога еднаш ќе стане почетна точка во една литература, таа лирика влегува во нејзината општа историја со богатиот плод на своето созревање, со шармот на својот сигурен сјај. Вистина е, определбите не се одлучувачки во сè. Кои? И во што?“
Инсерт од студија на Воја Илијашевиќ. Прочитајте го оригиналниот текст на српскохрватски.
Воја Илијашевиќ е псевдоним на Војислав И. Илиќ (1917–1987), српски писател и професор на Филолошкиот факултет во Белград, роден во Дебар.
Студијата е прво објавена, под псевдоним, во списанието Ревија, Осјек, 1962, б. 4, стр 77-87, а потоа авторот под своето право име и под наслов„Ацо Шопов: тишине и медитације“, објавува дополнета верзија во својата книга Токови македонске књижевности, Јединство, 1976, стр 273-288.