Also available in:
Здружение
Пријатели на Лирската воденица
Здружението „Пријатели на Лирската воденица“ е основано во март 2026 година, во Мец-ле-Конт, Бургундија (Франција), со цел организирање на културни настани, промовирање и афирмација на книжевното наследство, како и културна, образовна и територијална медијација.
Централен настан е Отворената капија на Лирската воденица, годишна културна манифестација на која учествуваат голем број поети, писатели, уметници, музичари и актери од различни културни средини, во историски и рурален амбиент.
Манифестацијата се одржува во чест на македонскиот поет Ацо Шопов и придонесува за промоцијата и афирмацијата на неговото творештво на меѓународен план.
Поддржан од јавни и приватни фондови, настанот главно е финансиран од Фондацијата Ацо Шопов − Поезија, која е задолжена и за уметничкиот концепт, како и општата координација.