Also available in: French

Сам сум

Сам сум во рамнината
И во ноќта
Со дрвјата стуткани од студ
Што со стиснати лакти се припиваат едни до други.

Сам сум во рамнината
И во ноќта
Со безнадежно возбудливите движења на дрвјата
По лисјето што ги напуштија и одлетаа кон други острови.

Сам сум во рамнината
И во ноќта.

Самотност на телеграфски столбови
Долж патиштата
Опустени.

Леополд Седар Сенгор, Различни песни
Препев од француски: Ацо Шопов во Поезија, 1975, и во Сенгор – Шопов: Паралели, 2006