Also available in: French

Врнеше

Саноќ врнеше.
Саноќ мислев на тебе, под сумпорните секавици.
Морето се лигави преку гребените од зелени тули, морето рика Под удирите на громот и поројот, а ние стенкаме пред ангелот на смртта,
Во липање долго, а толку умилно.

Еве ме во бездната на палатата што ечи,
Препотен и со главоболки, и како некогаш на Диолор
Мајка ми ги престегнува моите мачнини, со листови од маниока* и ги прекинува.
А во Жоал, како и секогаш, се дише со мака, лигаво се лепи и со страст,
Таа треска во утробата на ноќта, во часот на исконскиот страв.

Ги сонувам соништата на младоста.
Мојот пријател Странец ми зборуваше за свежината на полето во септември,
За розите во Тичбреј, со бои на виножито, во невиноста на утрото.

Ја сонував младата девојка со мирисно срце,
А таа кога се лутеше или бладаше, очите и фрлаа
Сумпорните молњи, како и ти, нели? како ноќта на ивернажот.

Леополд Седар Сенгор, Писма од иваернажот, 1973
Препев од француски: Ацо Шопов во Поезија, 1975, и во Сенгор – Шопов: Паралели, 2006

Диолор: Село во кое Сенгор го минал детството во близина на неговото родно место Жоал.

Маниока: Тропски плод.