Also available in:
Зашто сум изморен
Изморен сум. Се огласува сирената на бродот зад Горе, со звук на ловечки рог.
Во квечерината, светлина по розовите ѕидови над морето и по небото. Бел брод се упатува кон синиот и сив Југ,
А јас сум тажен, тагувам за Нагасаки, за убавината на Валпареизо,
За Рио де Женаиро, каде мулаткињите се како опојни орхидеи.
Но, кога е времето за чај и градината јасна
Околу фонтаната, под статуата на Африка – јас се чувствувам изморен.
Срцето ми е со боја на ластер, кога ги гледам твоите очи во сеќавање.
А изморен сум не од умор! ами од помислата
Да не одам никаде, кога ме раскинува желба да отпатувам.
Леополд Седар Сенгор, Писма од ивернажот, 1945
Препев: Ацо Шопов во Поезија, 1975, и во Сенгор – Шопов: Паралели, 2006
Горе : Остров во близина на Дакар, на кој се наоѓа Куќата на робовите од кој тргнувале робовите кон Америка. На него се наоѓа Куќата на робовите за која зборува Шопов особено во поемата „Светлината на робовите“