Also available in:
Црнечка маска
на Пабло Пикасо
Спие и се одмара на песочната белина.
Кумба Там спие. Зелена палма со превез ѝ ја прекрива морничавоста на косата, бакар ѝ го извива челото,
Очните капаци сведнати, двоен пехар и извори залемени.
Тој нежен срп на млада месечина, таа усна црна и бузеста − дали е насмевка на жена соучесник?
Дискосите на образите и линијата на брадата пеат нема складност.
Лице на маска затворено пред минливоста, без очи, без крв и месо
Совршенство излеано во бронза, со патина на времето,
Неизвалкано ни од црвило ни од брчки, ни од траги на солзи и бакнежи
О лику господ што те создаде од искони
Лику на муграта на светот, не разголувај се и не дразни ја мојата врела крв.
Те обожувам, о Убавино, со моето едноструно око!
Леополд Седар Сенгор, Песни од темнината, 1945
Препев од француски: Ацо Шопов во Поезија, 1975, и во Сенгор – Шопов: Паралели, 2006
Кумба Там: Божица на убавината кај Серерите.