Also available in:
Serbian
„Денес, по Небиднина, можеме да бидеме сигурни во она веќе очекувано ново руво на поезијата на Ацо Шопов, кое е неупадливо, ненаметливо, туѓо на сензациите на рекламерското поетско секојдневие, а во кое сепак сè наоѓа поезија која има свои (рекламни) критичко-естетски атрибути: количество на највисоки уметнички вредности, своја анатомија на семантички богатства, свој лирско-мислен постамент, своја температурна таблица на која интонационо-ритмичките единици се однесуваат како да се чисти, со немир населени, роеви на елементарната моќ на изразувањето...“
Со овие зборови Миодраг Друговац ја започува првата верзија на текстот „Уметник на песната“, објавена во 1966 година. Прочитајте го во целост оригиналниот текст на хрватскосрпски.
Миодраг Друговац (1928 – 1995), македонски литературен критичар
Миодраг Друговац (1928 – 1995), македонски литературен критичар
Текстот е објавен во 1966 година, по повод објавувањето на Предвечерје (1966) и Небиднина (1963), во загребското списание Телеграм, бр. 338, со поднаслов „Еден миг во македонската книжевнст“.
Подоцна, Друговац ќе го развие овој текст во опширна студија објавена под наслов „Ацо Шопов или уметник на песната“, како предговор на книгата Златен круг на времето.
Други критики на Друговац за тврештвото на Шопов