Also available in: Serbian
Три претставници на новата македонска книжевност
Во овој напис од 1954 година, Томе Момировски ги претставува пред српската јавност Славко Јаневски, Ацо Шопов и Димитар Митрев. За Шопов тој вели дека се нашол себеси исклучиво во поезијата и дека не правел обиди во другите литературни жанрови.
„Почна како партизан со патриотски песни“, пишува Момировски. „Неговиот патриотизам е длабоко во неговото срце, во полна согласност со неговиот стих. Неговите стихови зрачат со патриотизам без 'фрази', дискретно, со атрибутите на развиената, зрела мисла на нашиот современ човек. Во однос на поетската форма, тој е од оние кои почитуваат строго ритмичка и класична техника. Неговата 'поетска лира нема многу жици', но е доволно суптилна, емотивна и толку певлива што е блиска до современите композиции и романси.
Тој не е ладен и кај него нема механичка геометриска пресметка. Неговата лирска поезија останува топла и директна, дури и кога самата себе се повторува.
Досега има објавено повеќе збирки: Песни, Пруга на младоста, На Грамос, Стихови за маката и радоста.
Во едно неодамнешно интервју со поголем број писатели, тој најави нова стихозбирка под наслов Есенски минијатури. Со сигурност очекуваме дека со неа Шопов ќе направи уште еден чекор напред во своето поетско творештво.“
Томе Момировски (1927-2012), македонски писател, критичар и преведувач
Текстот е објавен објавен во Омладина, на 14.4.1954.
Интересно е што, од овој напис на Момировски, дознаваме дека работниот наслов на Слеј се со тишината (1955) бил „Есенски минијатури“.
Друг интересен момент е што фондацијата Ацо Шопов – Поезија располага со оригинална фотографија на Момировски токму со тројцата македонски писатели за кои зборува во овој напис, која ја користиме како илустрација за авторот на текстот.