This post is also available in: French English Serbian

Ацо Шопов: Во пет и седумнаесет*

Каква страотна пресуда на природата, каква катастрофална закана на вистината, содржана во еден единствен миг од времето – пет и седумнаесет. Во ревот на земјата и бетонските блокови – пет и седумнаесет. Во вителот на зданијата и стемнетото сонце – пет и седумнаесет. Во крикот на децата чиј што сон ни под урнатините не успеа да избега од зелените поља на нивните очи – пет и седумнаесет. Во дивата занеменост на мајките и татковците, на младичите и девојките, на човекот кој во еден единствен миг остана гол врз пепелот на разорените зданија и врз кого се сруши нечовечки товар од бол и патила – пет и седумаесет.

Прочитајте го интегралниот текст во книгата Ацо Шопов: Автопортрет со седум прсти, Скопје, Антолог, 2024, 571 стр.

____________
* Овој текст за скопскиот земјотрес е објавен во Современост, XIII, 7−8, 1963 стр. 425−427. Македонската верзија е превод на Ацо Шопов на неговиот текст напишан прво на српскохрватски, под наслов „У пет и седамнајест”, најверојатно  на барање од редакција на весник што излегувал на српскохрватски јазик. Во тек е библиотечно пребарување на објавениот текст.

Дури две години подоцна, Шопов ќе ја објави во Современост, XV, 6, 1965, песната „Тажачка од онаа страна на животот” во која ќе се појави повторно сликата на човекот што „се искачил на врвот на невозможниот бол”, во стихот: „Се искачив над врвот од болот”.

Ракописите и машинописите на текстот се наоѓаат во Фондот Ацо Шопов во Архивот МАНУ.
Ракопис на српскохрватски АШ К3 АЕ52
Машинопис на македонски: АШ К3 АЕ53
Машинопис на српскохрватски: АШ К3 АЕ54 (недостасува третиот лист)

Други разговори и статии на Ацо Шопов